Поврзете се со нас

НБА

Потегот за кој зборуваат сите кошаркарски фанови: Најдобрата блокада во историјата на НБА (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Мајами Хит победнички ја отворија финалната серија на Истокот против тимот на Бостон Селтикс кого го добија по дополнителните пет минути со 117-114.

Ова беше многу возбудлив меч кој на крајот го реши центарот на Хит, Бем Адебајо со една од најдобрите одбрани во историјата на НБА, „блокада“ за која уште долго ќе се зборува и ќе се врти на телевизија, интернет и социјалните мрежи.

Имено ѕвездата на Селтикс, Џејсон Тејтум тргна силовите да забие за ново продолжение, ама Адебајо на нестварен начин успеа да го изблокира, вадејќи ја буквално топката од обрачот. Многу реакции имаше за овој потег на Бем, а најдобро истата ја опиша легендарниот Ирвин Меџик Џонсон.

-Блокадата на Адебајо на обидот на Тејтум да забие е најдобрата одбрана која сум ја видел во плејофот, -напиша иконата на ЛА Лејкерс.

Сосема очекувано оваа мајсторија на центарот се најде на првото место на најновата Топ листа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни