Поврзете се со нас

Балкан

Потегот на Стојковиќ предизвика мешаница за време на пенал серијата, Црвена Звезда го освои српскиот куп (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Црвена Звезда ја потврдија двојната круна во домашните натпреварувања, вечерва победувајќи го најголемиот ривал Партизан во финалето на српскиот куп.

По 120 минути немаше погодок на стадионот „Рајко Митиќ“, па победникот беше одлучуван со изведување пенали, а таму подобро се снајде голманот на црвено-белите Милан Борјан, кој одбрани два пенала и на тој начин го донесе трофејот за Црвена Звезда.

Она по што нема да се гордеат двата табора е инцидентот кој се случи за време на пенал серијата, а кој го започнаа Стојковиќ и Крстовиќ, при што голманот на Партизан заработи и жолт картон.

Дуелот предизвика голема мешаница на теренот, а нешто слично се случи и по крајот на пеналите, кога продолжија провокациите од двете страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни