Поврзете се со нас

Свет

Потегот на Кјелини како инспирација: ИФАБ одобри тестирање на „Син Бин“ исклучувањата

Објавено

на

Интернационалното тело задолжено за спроведување и менување на фудбалските правила одобрило да се овозможи тестирањето на новото, таканаречено „Син Бин“ правило и на професионално ниво, правило кое може да донесе мала револуција во играта.

ИФАБ на денешната седница донесе решение со кое привременото исклучување може да добие соодветен простор во одредени лиги, по што ќе биде заземен и официјален став за тоа дали ќе стане ново важно правило во фудбалот.

Поентата е меѓу жолтиот и црвениот картон да биде промовирана поинаква казна, односно портокалов картон, поради кој фудбалерите ќе мора привремено да ја напуштат играта во стилот на хокеарските казни.

Медиумите го претставуваат легендарниот прекршок на Џорџо Кјелини над Бакајо Сака на последното ЕП како совршен пример за прекршок кој може да се казни со портокалов картон, односно Кјелини би бил испратен на клупата и Италијанците би играле со човек помалку во одреден период од мечот.

Првичното тестирање досега е направено со 10-минутни исклучувања, а во лигите каде е реализиран тестот забележан е пад на процентот на неспортски прекршоци и други испади на фудбалерите.

ИФАБ најави дека на повисоко ниво ќе биде тестирано и правилото според кое со судијата можат да разговараат само капитените, односно обидот на другите играчи за ваква комуникација би се казнувала построго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни