Потегот на Кеита по погодокот против Шалке ги израдува навивачите на Ливерпул (Видео)

nabi-keita-32893289

Откако само што го пушти Филипе Кутињо во Барселона, разбирливо е што Ливерпул се обидува да го донесе Наби Кеита од РБЛ на  „Енфилд“ шест месеци порано од предвиденото.

Кеита се согласи да им се приклучи на „црвените“ на крајот на сезоната во трансфер вреден 48 милиони фунти, но сега гласините се дека трансферот би можел да се случи и месецов.

За да се случи тоа, Ливерпул ќе треба да плати уште 13 милиони фунти и клубовите се уште се во преговори. Тренерот на РБ Лајпциг Ралф Хазенхутл и менаџерот Ралф Рангник инсистираат дека Кеита ќе остане во Германија до крајот на сезоната, но денешниот потег на играчот на средбата со Шалке дава поинаква слика.

Отсуството на прослава откако го постигна првиот гол за РБЛ во победата од 3:1  им даде надеж на навивачите на Ливерпул, кои својата радост ја изразија на социјалните мрежи.

Facebook Коментари