Македонија
Потег за восхит: Брозовиќ без размислување и помогна на млада Македонка која побара помош за операција! (Фото)
Марсело Брозовиќ успеа да ја врати кариерата на вистински пат по пристигнувањето на Антонио Конте во Интер, но покрај тоа што воодушеви оваа сезона со своите настапи во дресот на тимот од Милано, сега ја импресионираше и цела македонска и балканска јавност со својот хуман потег.
Имено, во текот на денешниот ден, една несреќна млада Македонка преку својот официјален Фејсбук профил побара финансиска помош за решавање на долгогодишен проблем со колкот, а бидејќи нејзината објава беше проследена и на официјалната балканска фан страна на Интер, веста стигнала и до играчот од средниот ред.
Дваесет и шестгодишната Стаменка Менче Трповска во рекордно време ги собра предвидените средства за оперативен зафат, пред се благодарение на храватскиот фудбалер кој без никакво размислување уплатил 3.000 евра на сметката за донации колку што вкупно се бараше.
Овој величествен потег на играчот за врска веднаш стана топ тема во регионалните медиуми и балканската фан страна на Интер ја сподели и сликата од уплатата, па повеќе од јасно е дека Стаменка во иднина ќе има еден голем пријател плус во својот живот.
Ние можеме да и посакаме само успешна операција и брзо заздравување, а на Брозовиќ да му „симнеме капа“ за величествениот потег за кој се одлучил без размислување и по случаен преглед на Фејсбук.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан24 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)