Поврзете се со нас

Свет

Потег за паметење: Полицијата пукаше со гумени куршуми кон навивачите, Рикелме влета на трибината и спречи трагедија (Видео)

Објавено

на

Бока Јуниорс рано утрово се пласираше во полуфиналето на Купот, но цела јавност во Јужна Америка зборува за херојскиот потег на Хуан Роман Рикелме за време на инцидентот кој се случи на трибините.

Најжестоките навивачи на Бока влегоа во директна и брутална пресметка со специјалците кои беа задолжени за воведување ред на трибините, а бидејќи ситуацијата ескалираше и излезе од контрола, безбедносните лица почнаа да употребуваат и гумени куршуми.

Во вакви ситуации, малку фали да се дојде до вистинска трагедија, но утрово улогата на миротворец ја имаше човекот кој важи за вистински миленик меѓу фановите на аргентинскиот великан.

Хуан Роман Рикелме веќе некое време ја извршува претседателската улога во Бока, па и покрај тоа што има привилегирана позиција и често добива специјален третман, утрово токму тој беше оној кој го реши хаосот на трибината.

Рикелме влета во најопасната зона додека специјалците пукаа со гумени куршуми кон разлутените навивачи на Бока, а со својата интервенција, Рикелме успеа да ги смири немирите и да спречи поголема трагедина на трибината.

Оваа негова јуначка реакција на големо се поздравува во цела Аргентина, но истата уште еднаш покажува дека Хуан Роман е вистинска фудбалска легенда во секоја смисла на зборот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни