Поврзете се со нас

Англија

Потег со кој ги освои срцата на навивачите на „сините“: Кулибали побара дозвола од Тери да го земе дресот со неговиот број во Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

Џон Тери е играчка легенда на премиерлигашот Челси, икона на „сините“ која остави голема трага во историјата на овој клуб со своите партии, лидер на екипата и освоените титули.

Тој долго време беше и капитен, а бројот кој го одбележа беше „26“, број кој не беше носен од ниту еден играч по заминувањето од „Стемфорд Бриџ“ во 2017 година.

Новото засилување на клубот, Калиду Кулибали го сакаше токму тој број на дрес со кој настапуваше во Наполи, па иако не мораше се реши да му се јави на Џон и да му даде дозвола да го земе истиот, потег со кој доби дополнителна почит кај самиот Тери, но и потег со кој ги освои навивачите на составот од Лондон.

Сега Челси има нова „26-ка“ во името на репрезентативецот на Сенегал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни