Шпанија
Потег на викендот: Брајан со генијален дриблинг го измести заменикот на Тер Штеген (Видео)
Брајан Сарагоса се продаде во Баерн Минхен благодарение на блескавото издание кое го имаше против Барселона како член на Гранада, а очигледно дека брзоногото шпанско крило е посебно мотивирано кога игра против каталонскиот гигант.
Доказ за тоа добивме и изминатава вечер, во која Брајан како член на Осасуна режираше вистинска дриблинг бравура пред голот на Ињаки Пења.
Сарагоса беше убедливо најопасен играч од Осасуна во победата која ја оствари тимот од Памплона со резултат 4:2, а голот кој го постигна беше вистинско мало ремек-дело.
Брајан доби топка во празно и ја искористи брзината за да стигне прв до топката, за потоа со генијален ролинг да го издрибла голманот на Барселона.
Пења беше измесетен во дадената ситуација од лажното движење на Брајан, а техниката која ја презентираше фудбалерот кој е во сопственост на Баерн стана на големо споделувана во Шпанија.
-
Македонија24 часа
Легендарниот Таско ја избра „идеалната“ македонска репрезентација
-
Шпанија18 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Англија23 часа
Менаџерот кој прв го наследи Фергусон: Тен Хаг врши брилијантна работа!
-
Шпанија16 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија20 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија15 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија19 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија20 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза