Поврзете се со нас

НБА

Потег на сезоната во НБА лигата: Струс ги попари Дончиќ и соиграчите со нереална тројка со звукот на сирената (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/cavs

Лука Дончиќ имаше нова кошаркарска симултанка и го делеше само еден скок од трипл-дабл, но овој фантастичен учинок се покажа како залуден на гостувањето во Кливленд, каде тој и неговите соиграчи беа попарени со звукот на сирената (121:119).

Кливленд и Далас ја отворија НБА програмата рано утрово, а без никаков сомнеж го одиграа највозбудливот и најинтересен меч, кој на крајот беше решен со нестварна тројка од противничката половина.

Маверикси имаа се во свои раце при водство од 118:119 и Дончиќ го проигра својот соиграч Вашингтон кој требаше само да положи, но на крајот беше блокиран и Кавалирси добија две секунди за последен напад.

Одговорноста ја презема Макс Струс кој претходно имаше погодено четири тројки во низа, но петтата која ја режираше беше неверојатна и убедливо најдобра во досегашниот тек на НБА сезоната.

Со оваа кошаркарска магија, Струс му донесе голема победа на Кливленд и настана голема еуфорија во салата, па Дончиќ и соиграчите мораа да си заминат со наведната глава.

Словенецот беше најдобар играч на паркетот со 45 поени, 13 асистенции и 9 скокови, но овој учинок сепак беше недоволен за победа на Маверикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни