Поврзете се со нас

Италија

Потег на колото: Дебитант на Фиорентина му го сврте паметот на противнички играч (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acffiorentina

Фиорентина ја започна новата сезона со убедлива победа против повратникот во Серија А, екипата на Џенова и тоа на гостински терен, а навивачите на „виолетовите“ можеа да уживаат во изданието на своите миленици.

Покрај брзите погодоци со кои победникот беше решен рано, гостите целосно ги надиграа противниците од Џенова, а вирален стана потегот на Мајкл Кајоде.

Продуктот на младинската академија на Фиорентина дебитираше во Серија А со одлична оценка добиена од медиумите, а се чини долго ќе биде запаметен и од Филип Јагиело.

Полскиот интернационалец се обиде да го сопре Кајоде по еден негов пробив од десната страна, па влезе во таква вртелешка што и самиот не знаеше каде се наоѓа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни