Поврзете се со нас

Евролига

Потег на годината: Хауард со неверојатна тројка од половина терен го реши француското дерби во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Асвел се избори за победа против Монако во француското дерби во Евролигата, победа која беше остварена на неверојатен начин со луда тројка од половина терен на Вилијам Хауард.

Ова беше дуел во кој двете екипи доста се менуваа во водство, па така се влезе во супер неизвесна завршница во која домаќините на две секуди до крајот добија две слободни од кои Парис Ли реализираше само едно што значеше водство од 84-82.

Гостите потоа свикаа тајмаут по што играта беше преселена на полето на противникот во кое Хауард беше оној што требаше да ја уфрли топката, меѓутоа Ли ја прочита неговата намера, но играчот на Асвел успеа повторно да стигне до истата и со луд кош од половина терен да донесе славје од 85-84.

Ова за Вилијам петта тројка во петтиот обид и со вкупно 23 кошеви и 10 скокови на фантастичен начин ја круниса оваа партија со потег кој дефинитивно засега е број еден во камапањава во Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни