Поврзете се со нас

Англија

Потег кој ќе се врти: Голман сакаше да троши време, па направи глупост која долго ќе го прогонува (ВИДЕО)

Објавено

на

Натпреварите во Лигата на шампионите беа во фокусот на фудбалската јавност, но фудбал се играше и во Англија и тоа во пониските лиги од каде ни доаѓа еден гол, ситуација која дефинитивно ќе остане запаметена и ќе се врти во медиумскиот простор.

На средбата меѓу Барнсли и Вајкомб домаќините се изборија за славје од 1-0 и тоа со погодок во судиското продолжение, победа за која слободно можат да му се заблагодарат на гостинскиот голман Максимилијан Штријек.

Полјакот сакаше да троши време и го чекаше противничкиот играч до последен момент за да ја земе топката во раце, но по еден благ контакт тој ја испушти истата и прими гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни