Потег кој го занеме „Вембли“: Ливермор безглаво се залета кон Нејмар, па доби лекција од Бразилецот (Видео)

neymar-anglija

Репрезентациите на Англија и Бразил одиграа навистина мирољубиво на пријателскиот меч кој изминатава ноќ се одигра на „Вембли“, но мора да се признае дека актерите на двата тима воедно и разочараа бидејќи пресериозно го сфатија овој дуел, па наместо отворена фудбалска претстава, имаше тактичко надмудрувања.

Мрежите мируваа во сите 90 минути и на крајот навивачите не видоа ниту еден гол на мечот, но сепак вреди да се издвои еден потег на Нејмар кој сепак и покрај тоа што не беше толку активен, успеа да ја занеми публиката на најпознатото фудбалско здание во Англија.

Џек Ливермор безглаво и помалку агресивно се залета кон Нејмар со цел да стигне прв до топката, но во тој момент доби лекција од Бразилецот кој му продаде спектакуларен „тунел“ на средината на теренот кој го остави Англичанецот неколку метри зад него.

Facebook Коментари