Поврзете се со нас

Шпанија

Потег кој ги налути фановите на ривалот: Камерите уловија фудбалер на Хетафе со шал на Атлетико

Објавено

на

Вчерашното дерби од шпанскиот Куп меѓу Атлетико Мадрид и Барселона останува топ тема во шпанската фудбалска јавност, а покрај коментарите за настапот на двете екипи и патникот во финалето, се издвојува уште една интересна и неочекувана дебата.

Во главна улога се навивачите на Хетафе кои се незадоволни од фактот што камерите го уловија нивниот голман Јири Летачек на трибините на „Метрополитано“, па згора на тоа и со шал на Атлетико.

Летачек е втор голман на мадридскиот клуб, но сезонава имаше одлични настапи во Купот, пред да прими гола токму од Атлетико, на стадионот на кој вчера во живо го следел дербито меѓу Атлети и Барселона.

Навивачите не се лути поради присуството на чешкиот голман на трибините, туку поради фактот што тој носи шал на големиот градски ривал и бараат санкција од Хетафе.

Истражувањето на медиумите утврдило дека очигледно Летачек има посебен респект кон Атлетико и нивниот прв голман Јан Облак, бидејќи тоа се единствениот клуб и ривалски голман кои тој ги следи на Инстаграм.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни