Лига на шампиони
Потценет мајстор: Жиру со „покер“ ефект постави клупски рекорди за Челси (Видео)

Челси ја прегази Севилја на гостински терен во натпревар од Лигата на шампионите (0:4), а главна ѕвезда на теренот беше искусниот Оливие Жиру.
Иако не е во прв план кај менаџерот Френк Лампард, Жиру и вечерва максимално ја искористи шансата која ја доби и постигна четири погодоци, поточно сите за гостинската екипа од Англија.
Жиру ја отвори серијата во 8. минута, а во вториот дел постигна уште три гола, од кои само последниот беше од пенал.
Со ваквиот ефект, Жиру постави нови клупски рекорд како највозрасен фудбалер кој постигнал хет-трик, односно „покер“ во некое европско натпреварување.
Францускиот напаѓач вечерва постигна четири голови на 34 години и 73 денови, со што го собори рекордот на Дидие Дрогба од 2011 година, а стана и прв фудбалер на Челси кој постигнал четири погодоци на европски натпревар.

- Италијапред 22 часа
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 23 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- Светски првенствапред 17 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 19 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 17 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат
- Одбојкапред 18 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- НБАпред 23 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Италијапред 21 час
Платини посочи кој ќе го реши дербито меѓу Интер и Јувентус