Поврзете се со нас

Англија

Посветеност, одлучност-Томијасу ја продолжи соработката со Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Јапонскиот интернационалец, Такехиро Томијасу ја продолжи соработката со премиерлигашот Арсенал до 2026 година со опција за уште една дополнителна кампања.

Томијасу и Арсенал во изминатиов период преговараа, разговараа и на крајот се најде заеднички јазик според кој големиот борец и работник ќе остане во Лондон и во наредниве години.

-Заедно со неговата природна способност и сила, ставот, менталитетот и вредностите на Томи се првокласни. Томи е сакан од сите и е составен дел од тимот откако ни се приклучи. Начинот на кој тренира, со неговата желба и одлучност секој ден да биде најдобрата верзија од себе е за восхит, -истакна менаџерот, Микел Артета.

Дефанзивецот е член на „топчиите“ од 2021 година кога пристигна од Болоња, досега за клубот има одиграно 73 натпревари во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни