Поврзете се со нас

Шпанија

Постојано се зборува за него во соблекувалната: Играчите на Реал се убедени дека Мбапе ќе „слета“ во Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе веќе седум години е дел од Пари Сен Жермен, но токму оваа кампања може да биде негова последната во клубот од француската престолнина.

Актуелниот договор му завршува на 30 јуни и како што сега стојат работите истиот нема да биде продолжен, односно Мбапе веќе одлучил да ја остави оваа приказна зад себе и да се пресели во Реал Мадрид кој веќе долго време посакува да го види во своите редови.

„Кралевите“ имаа повеќе обиди да го доведат напаѓачот, меѓутоа сите завршија неупешно со тоа што се чини дека токму оваа 2024 година ќе биде година во која конечно ќе се оствари нивната желба.

Голем број на познати, респектабилни светки медиуми пренесоа дека Мбапе го одбрал Реал, а на иста линија е и трансфер експертот Фабрицио Романо кој пренесе дел од ставот на играчите на клубот од Примера.

-Во соблекувалната на Реал Мадрид, важните играчи имаат чувство дека овој пат клубот ќе направи за да успее… секој ден зборуваат за Килијан Мбапе, а чувството што го имаат овој пат е дека тоа е навистина , навистина блиску, -пренесува Романо.

Мбапе има 25 година и во досегашната кариера има играно уште за Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни