Поврзете се со нас

Германија

Постигнат е договор: „Милионерите“ го избраа наследникот на Шахин

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Екипата на Борусија Дортмунд има турбулетна сезона, а сметката за лошите изданија ја плати Нуру Шахин кој ја водеше екипата само неколку месеци.

Неколку имиња се поврзуваа со испразнетото место за да на крајот „милионерите“ пресечат и се одлучат за човек кој долго време е на германската сцена што прво како играч, потоа и како тренер-тоа е 53-годишниот Нико Ковач.

Ковач од 1990 до 2006 година играше во Германија за да потоа од 2016 година ги предводи Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен и Волфзбург. Како предводник на овие три екипи освои пехари во сите три конкуренции (Бундеслигата, Купот и Супер Купот) и сега ќе се бара таков резултат во Дортмунд иако основна цел ќе му биде да ја стабилизира екипата.

Според информации договорот ќе биде со важност до 30 јуни 2026 година, а Нико ќе го преземе тимот од недела или поточно по мечот кој „црно-жолтите“ ќе го одиграа со Хајденхајм.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни