Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу за жалбата на Тотенхем за суспензијата на Бентанкур: Казната е претерана

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Родриго Бентанкур беше казнет со седум натпревари суспензија поради несоодветната шега, која беше протолкувана како расистички испад, а неговиот менаџер Анге Постекоглу смета дека дисциплинците претерале со својата одлука.

Тотенхем веќе испрати жалба и посакува промена на одлуката со помош на апелациската комисија, а Постекоглу го објаснил ставот на клубот.

– Изразувам јасна поддршка за клубот околу жалбата со која е оспорена суспензијата, затоа што мислам дека казната е претерана.

– Зборував со Бентанкур и тој е свесен за грешката и прифаќа одговорност и било каква казна која ќе му биде доделена.

– Ние како клуб застануваме зад него, затоа што сум убеден дека се работи за исклучително добра личност, неверојатен соиграч и човек кој има добар карактер, но направил грешка, – рекол Постекоглу.

Ако нема промени во однос на казната, Бентанкур ќе ги пропушти дерби пресметките со Манчестер Сити, Ливерпул и Челси, како и дуелот во Лига купот со Манчестер Јунајтед. Тотенхем ќе може да смета на неговите услуги само на дуелите во Лига Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни