Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу за проблемот на Аморим: Добредојде во мојот свет…

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Манчестестер Јунајтед не успеа да оствари позитивен резултат на гостувањето во Лондон кај Тотенхем каде претрпе минимален пораз од 1-0.

Погодокот на Медисон во првото полувреме се покажа како пресуден на овој меч на кој како домаќините така и гостите не можеа да сметаат на доста играчи. Домашниот стратег Анге Постекоглу веќе подолго време го има овој проблем, трпи доста критики за играта, резултатите и покрај недостапноста на многу фудбалери, па во однос на ситуацијата на Рубен Аморим во Јунајтед, тој искометира во негов стил:

-Ако проверам во мојата канцеларија, немам симпатии од други менаџери, така што тоа не се случи. Дефинитивно има неколку. Можев да го видам Рубен таму, играчи надвор од својата позици, деца на клупата. Па, добредојде во мојот свет. Но, тоа е за еден натпревар. Сега правете го тоа два месеци.

-Правете го тоа два месеци. Било кој клуб. Правете го тоа два месеци. Манчестер Јунајтед е беше добар против нас без оглед на сето тоа, ние имавме денови кога бевме добри, го победивме Ливерпул во оваа период, -порача предводникот на „петлите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни