Англија
Постекоглу за „милијардата“ на Челси: Не ми требаат такви главоболки

Анге Постекоглу е вистински хит во Премиер лигата, бидејќи по десет рунди успеа да го задржи Тотенхем на врвот на табелата, а фановите на лондонскиот клуб веќе заборавија на разделбата со Хари Кејн.
Менаџерот го најавил и дерби соочувањето со Челси, а покрај тоа што поделил многу комплименти за Маурисио Покетино, истакнал дека не е голем фан да биде во клуб како Челси, кој за краток период потроши милијарда фунти за засилувања.
– Секоја екипа има свои лимити, не можете да имате 24 топ фудбалери во тимот.
– Тоа никогаш нема да успее како концепт, а веќе е и докажано дека не успева. Треба да имате балансиран тим со играчи кои се посветени на исполнување на клупските амбиции, момци кои можеби нема да играат на секој натпревар, но ќе бидат максимално пожртвувани кога ќе добијат шанса.
– Постојаното трошење пари за да ги добиете најдобрите не е вистински одговор и тоа е потврдено во минатото. Потребна е вистинската хемија во тимот, а такво нешто не се постигнува со 24 топ фудбалери. Благодарам, но не ми треба таква главоболка, – рекол австралискиот стручњак.
-
Македонијапред 21 час
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 21 час
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 13 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 24 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Шпанијапред 15 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)