Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу за бизарната атмосфера на дуелот со Сити: Сето тоа влијаеше на фудбалерите

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем загуби од Манчестер Сити на домашен терен, во натпревар чиј епилог не им пречеше и на фановите на лондонскиот клуб.

Фановите на најголемиот ривал на Арсенал не сакаа да им помогнат на „топчиите“ да дојдат до титула по подолго време, а менаџерот Анге Постекоглу потенцирал дека целата атмосфера на стадионот дефинитивно влијаела и на фудбалерите.

– Темелите на клубот се многу нестабилни и тоа го видов последните 48 часа. Надвор, внатре, ова беше интересна вежба, но тоа е само мое лично гледиште.

– Нормално е дека целата атмосфера имаше влијание врз фудбалерите, но јас не можам да го сменам тоа, така е како што е.

– Не можеме да влијаеме и на однесувањето на навивачите, но вечерва недостасуваше и нивната поддршка со која вообичаено постигнуваме доцни погодоци. Јас сакам само да победувам, не се интересирам за приоритетите на другите, затоа дојдов овде, – реко Постекоглу кој влегол во конфликт и со неколку фанови кои ги прославувале головите на Сити во стилот на фановите на гостите од Манчестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни