Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу со одговор на честитката од новинарот: Јас сум православен верник, не славам сега Велигден

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем направи пресврт против Лутон и освои важни три бода во обидот да дојде до топ четири пласман, а вчерашниот триумф беше само уште една потврда за карактерот кој го поседува тимот на Анге Постекоглу.

Австралиецот со грчко потекло импресионира во својата прва сезона во Премиер лигата и вади максимум од актуелниот тим на Тотенхем, но во последно време е се поинтересен и за новинарите.

Постекоглу се истакнува со својата харизма и со смислата за хумор која ја прикажува со новинарите, па така било и вчера по триумфот од 2:1.

Еден новинар му честитал за победата и му честитал Велигден на менаџерот на „петлите“, кој имал подготвено добар одговор и нагласил дека тој е православен верник.

– Ти благодарам за желбите, но јас сум Грк и православен верник. Мојот Велигден ќе биде за еден месец отсега. Јас го славам православниот Велигден, – изјавил Постекоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни