Англија
Постекоглу со еден гест ги разбесни навивачите на Тотенхем: Ова е недоразбирање (Видео)

Анге Постекоглу очигледно ги троши и последните кредити како менаџер на Тотенхем, од една страна поради лошите резултати на тимот, но од друга и поради нарушениот однос со фановите кои се помалку имаат верба во австралискиот стручњак.
Повеќе од веројатно е дека Тотенхем ќе добие нов предводник на првиот тим за наредната натпреварувачка сезона, а пред да дојде до тоа, големи се шансите до крајот на сезоната да има големи тензии во Северен Лондон.
Постекоглу и досега имаше неколку непријатни епизоди со навивачите со кои има спротивен став, но вчера беше помината границата на „Стемфорд Бриџ“, иако Австралиецот тврди дека неговиот гест бил погрешно протолкуван.
Во моментите кога Тотенхем израмни на 1:1 со голот на Сар кој подоцна беше поништен, Постекоглу се сврте кон своите навивачи и ја стави раката на увото, а ваквиот негов потег наиде на жестоки критики откако претходно беше исвиркуван и за лошите измени.
– Неверојатно е како работите можат да бидат погрешно протолкувани, ова е едно класично недоразбирање. По постигнатиот гол, само посакав да ги слушнам повеќе навивачите на Тотенхем. Постигнавме гол и сакав да бидат најгласни, такво значење имаше мојата реакција.
– Постигнавме одличен гол, сакав да почувствувам возбуда, бидејќи во тој момент можевме да размислуваме и за пресврт. Почувствував дека моментумот се врти на наша страна, но за жал голот беше поништен, – изјави Постекоглу.
Here’s the clip of Ange cupping his ears 👍 pic.twitter.com/xq6JDWLf5o
— 𝑺 (@SZYComps) April 3, 2025
-
Шпанија12 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија15 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Лига на шампиони19 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Италија13 часа
Серија А направи хаос со распоредот поради погребот на Папата, Инѕаги сигурно нема да биде воодушевен (Фото)
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти