Англија
Постекоглу со директен напад за играч на Тотенхем: Му реков дека тоа е неприфатливо
Тотенхем не успеа да го победи Глазгов Ренџерс во Лига Европа, со што продолжи серијата без победа на премиерлигашот предводен од Анге Постекоглу.
Притисокот врз менаџерот се зголемува, а тој вчера реши да му одржи лекција на еден од фудбалерите на Тотенхем, кој според него не се однесувал соодветно на теренот.
Постекоглу на полувремето го замени Тимо Вернер, за пред медиумите да го објасни потегот.
– Таквиот настап за мене е неприфатлив, му го кажав тоа на Тимо, тој е германски репрезентативец.
– Во моментов немаме многу опции во нападот и очекувам секој од играчите да го даде својот максимум, но она што тој го одигра во првото полувреме е неприфатливо, – рекол менаџерот на Тотенхем.
Вернер во првото полувреме загубил 16 топки и не добил ниту еден од 5 дуели со противничките играчи.
-
Светски првенства12 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет21 час
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства11 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација22 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија13 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија11 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Шпанија14 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Италија21 час
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)