Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу повторно издоминира на прес: Немаме право да ги нарекуваме „пластични фанови“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу често се издвојува од другите премиерлигашки менаџери со своите изјави на прес-конференциите, а и вчера успеал да го привлече вниманието со еден одговор на прашање поставено од новинар.

Истото било во насока на фактот што Тотенхем ги поскапи сезонските билети за следната сезона за 6 проценти и предизвика реакции кај фановите, а многумина велат дека тоа е направено за да бидат продавани поскапи билети на туристи и таканаречени „пластични фанови“ кои би присуствувале само на еден натпревар.

– Мислам дека таквата дефиниција е навистина прегруба.

– Знаете зошто? Бидејќи веројатно и јас сум турист и пластичен затоа што доаѓам од другата страна на светот, а истовремено имам посебна страст за фудбалот и не би одбил можност да присуствувам на некој премиерлигашки натпревар ако се укаже таква шанса.

– Затоа не е фер да ги нарекуваме фановите на тој начин, бидејќи тие може да живеат на друг континент, а овој клуб има навивачи на сите континенти. Тие фанови немаат иста можност да присуствуваат на стадионот како локалните фанови.

– Мислам дека е непочитување да наречете некого „пластичен фан“, а тој е подготвен да помине половина свет и да потроши цело богатство, не можете да знаете колку страсно го сакаат клубот. Можеби тие почнале да навиваат за нас пред две години, но тоа не ја намалува нивната вредност како фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни