Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу побарал, Тотенхем договори продолжување на заемот на една ѕвезда

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу најави дека Тотенхем ќе мора да направи голем број промени во составот и претстојното лето, но се чини дека Тимо Вернер останува во неговите планови.

Лондонскиот клуб официјално отворил и успешно ги завршил преговорите со РБ Лајпциг за продолжување на заемот на крилниот напаѓач и во текот на сезоната 2024/25, пренесуваат англиските медиуми, што е доказ дека Постекоглу смета дека потегот со Вернер не бил погрешен.

Вернер дојде во Тотенхем во јануари и за една полусезона имаше ефект од 2 гола и 3 асистенции, но настапи на само 13 натпревари.

Германскиот клуб дефинитивно нема да инсистира на враќање на Вернер за следната сезона, а остануваат условите за откупување на договорот предвидени во јануари.

За Вернер ова е втор престој во Премиер лигата, односно Лондон, а претходно го носеше дресот на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни