Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу испиша историја со уште едно престижно признание во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анте Постекоглу е нов миленик на фановите на Тотенхем и човек кој со начинот на водење на екипата не дозволи да се почувствува заминувањето на Хари Кејн.

Менаџерот на лондонскиот клуб денеска испиша и историја во Премиер лигата, добивајќи го вторпат по ред престижното признание за Менаџер на месецот.

Постекоглу е првиот менаџер на кој му успеало вакво нешто во првите два месеца откако станал премиерлигашки тренер, потфат кој досега не им успеа ниту на многу потрофејни тренерски имиња.

Претходно, Јирген Клоп два пати по ред беше прогласен за Менаџер на месецот и тоа во сезоната 2019/20, во која Ливерпул ја освои титулата во ПЛ.

Тотенхем втор месец по ред ја собра и наградата за Играч на месецот, а по Џејмс Мадисон, овојпат признанието заврши кај капитенот Сон. Кореецот четврти пат ја добива наградата и се најде во елитно друштво во кое се и имиња како Бергкамп, Лампард, Анри, Салах, Рашфорд, Бруно, Ширер и Варди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни