Англија
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
Тотенхем игра „топло-ладно“ од стартот на сезоната во Премиер лигата, но најголема иронија е тоа што „петлите играат извонредно со топ клубовите во англиската елита, но не и со оние од втор ред.
Тимот од Северен Лондон изминатава вечер беше поразен на гостувањето на „Виталити“ кај Борнмут со резултат 1:0 и со тоа воопшто не профитираше од огромната победа која ја оствари над Манчестер Сити на „Итихад“, особено поради тоа што покрај вчерашниот пораз, претходно ремизираше и со Фулам.
Променливата игра на Тотенхем направи тимот да падне на 10-то место на табелата, а тоа пак ги натера фановите да го искажат својот бес и да му се нафрлат на менаџерот Анге Постекоглу.
Австралискиот стручњак за првпат во етапата во Англија доби навреди и исвиркувања од навивачите на Тотенхем, па по натпреварот мораше и да го објаснува инцидентот пред новинарите.
– Фановите имаат право да бидат разочарани со начинот на кој игравме. Добив директни пораки за нашата игра на теренот, а со оглед на тоа како играше тимот, целосно ги разбирам забелешките. Тоа што ми го кажа еден од фановите не е за пред телевизија….
– Како и да е, јас немам проблем со тоа. Не ми се допадна тоа што ми беше кажано бидејќи сум човечко суштество, но долго сум во фудбалот и знам како да се справам со тоа. Кога работите не одат добро, мора да знаете како да се носите со фрустрацијата и разочарувањето на фановите. Тие со право се лутат, немам проблем со тоа, – изјави Постекоглу.
Postecoglu: Look mate, I always win something in my second season. It’s just who I am.
Football: Well done Big Ange, you’ve won a P45 pic.twitter.com/rILjuNJ32X
— Charles Davie (@chuckdavie) December 5, 2024
Tension between Tottenham fans and manager Ange, after Tottenham lose again today, this time to Bournemouth.
— Sam C (@SamC_reports) December 5, 2024
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија20 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот