Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу го седна нервозниот Сон на клупа, па даде кратко објаснување

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем направи голем пресврт против Астон Вила и со четири гола во мрежата на Еми Мартинез се избори за убедлива победа од 4:1, а три од четирите гола беа постигнати кога на теренот го немаше Хеунг Мин Сон.

Најдобриот играч на Тотенхем беше повлечен на стартот на вториот дел и Кореецот се чудеше на одлуката на својот менаџер, па дури и негодуваше на истата додека одеше кон клупата.

Оваа реакција беше навистина некарактеристична за обично мирниот и дисциплиниран Сон, а поради тоа менаџерот Постекоглу и не даде големо внимание на ситуацијата.

– Нема ништо лично, едноставно само бевме претпазливи. Минатиот пат кога се врати од повреда играше 60 минути, и потоа повторно ја обнови истата.

– Уште пред натпреварот имав зацртано дека нема да игра повеќе од 55 минути. И покрај тоа што не играше на крајот, имаше силно влијание со асистенцијата за 1:1. Треба да мислиме долгорочно, има многу битки пред нас и тој ќе ни биде и повеќе од потребен, – изјави Постекоглу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни