Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу ги истрола новинарите на уникатен начин: Вчера доживеав разочарување… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу на денешната прес-конференција зборувал на многу теми, вклучувајќи ги случувања и во јануарскиот преоден рок.

Менаџерот на Тотенхем покрај сериозните одговори, во еден момент решил да ги истрола новинарите, шегувајќи се на нивна сметка во однос на трансфер шпекулациите изминатиов период.

– Веројатно единственото разочарување за нас вчера беше моментот кога сметав дека има добра можност за нас, но клубот сметаше дека тоа не е вистински потег.

– Бев разочаран поради тоа, но тој заврши во Ферари и моравме да се носиме со таа одлука, – рекол Постекоглу, алудирајќи на информацијата дека Луис Хамилтон потпишал за Ферари.

– Видете се, бевте подготвени да објавите… Ве измамив нели, мислев дека ви треба нешто возбудливо по вчерашниот досаден ден, – рекол менаџерот на Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни