Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу е блиску до отказ, Тотенхем има фаворит за негов наследник

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем може повторно да се реши за менаџерска промена и да бара нова солуција во обидот да го врати тимот во врвот на премиерлигашката табела.

Англиските медиуми едногласно пренесоа дека Анге Постекоглу нема сигурна иднина во лондонскиот клуб, односно менаџментот веќе размислува за негово отпуштање по крајот на сезоната.

Тотенхем има разочарувачка сезона со само 10 победи на 29 натпревари и во моментов се наоѓа на 14-то место на табелата, па раководството веќе ја губи вербата во австралискиот стручњак и неговите методи.

Главен фаворит за наследник на Постекоглу е Андони Ираола, кој сезонава постигнува одлични резултати со Борнмут.

Тотенхем веројатно ќе треба да му исплати отштета на ривалот за да го добие потписот на шпанскиот стручњак, а медиумите тврдат дека единствениот начин Постекоглу да ја задржи својата работа е да стигне до трофејот во Лига Европа.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни