Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу даде објаснување за својата храбра тактика со девет играчи на теренот: Се додека сум тука…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу за првпат ја почувствува горчината на поразот во Премиер лигата, а тоа се случи во едно крајно луд и несекојдневен дерби натпревар против Челси.

Пресметката во Северен Лондон донесе два црвени картони, четири поништени гола и многу неизвесност од ВАР, но подебелиот крај го извлекоа домаќините на кои им беа поништени два гола и кои останаа со девет играчи на теренот.

И во ситуација кога остана без Ромеро и Удоги, Постекоглу не отстапи од својата филозофија и со девет играчи на теренот бараше тие да бидат високо поставени, па иако конечниот резултат е суров за него (1:4), реално Тотенхем имаше шанси за 2:2.

– Таков е мојот Тотенхем, тоа сме ние и ќе играме така со отворен гард се додека сум тука. Дури и да играме со пет играчи на теренот, секогаш ќе напаѓаме и ќе се обидеме да постигнеме гол.

– Тешко е да се прифати ваков пораз и невозможно е да се анализира се што се случи на мечот. Мислам дека натпреварот им избега од контрола на одговорните лица. Разочаран сум од резултатот, но горд сум на своите фудбалери кои дадоа се од себе. Бевме блиску до израмнување на 2:2 во неколку наврати и тоа го покажува нашиот борбен дух, – изјави Постекоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни