Поврзете се со нас

Италија

Поставена е цена: Милан е подготвен да се откаже од еден од клучните играчи

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан ќе добие нов тренер во наредниов период, а дефинитивно ќе има и промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок.

За некои играчи на кои договорите им завршуваат е познато дека си заминуваат како ветераните Жиру и Кјаер, но проблем за калчолигашот може да биде тоа што е отворена опцијата клубот да го напушти еден од најважните, клучните играчи-тоа е Тео Ернандес.

Тео има статус на еден од најсилните, највкалитетните леви бекови на светот, меѓутоа договорот му завршува во 2026 година и засега Милан не може да пронајде заеднички јазик со него за продолжување на соработката.

„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Французинот бара двојно да му се зголеми платата од 4 на 8 милиони евра, плус бонуси што е голема сума за италијанскиот великан.

Истиот избор вели дека Милан не е подготвен да му ги исполни овие барања на дефанзивецот, па се отворени за негова продажба за сума од околу 80 милиони евра.

Баерн Минхен е најзагреан за Тео кој би бил замена за Алфонсо Дејвис за кого постои опција да заврши во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни