Поврзете се со нас

Франција

Последното засилување на ПСЖ ги откри своите фудбалски идоли

Објавено

на

Нуно Мендеш пристигна во ПСЖ во финишот на преодниот рок и тоа од редовите на Спортинг Лисабон, каде веќе го потврди својот голем потенцијал.

19-годишниот фудбалер беше и дел од португалската репрезентација на последното Европско првенство, а за француските медиуми зборувал и за фудбалерот чиј пример сака да го следи, а тоа е Кристијано Роналдо.

– Имав можност да тренирам со него во репрезентацијата, се работи за фудбалер кој вредно работи на тренинзите, им помага на младите и разговара како вистински капитен. Беше задоволство да се биде дел од селекцијата кога тој го постави рекордот за најмногу голови во националниот тим, – изјавил Мендеш.

Португалецот вели дека има и омилен фудбалер од бековите, односно играчите кои играат на позиција како неговата.

– Ги почитувам Роналдо и Меси многу, но имам идол и во однос на мојата позиција, а тоа е Жорди Алба, – рекол Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни