Поврзете се со нас

Англија

Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Everton

Последното градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул кое се одигра на „Гудисон парк“ ќе се памети по драматичната завршница („карамелите се селат на нов стадион), но и по големиот хаос кој настана на теренот по последниот судиски свиреж.

Мајкл Оливер со својата арбитражата се погрижи да зовријат страстите на теренот, па откако Тарковски израми на 2:2 во 98-та минута, ситуацијата ескалираше и последниот свиреж на главниот арбитар означи старт на една тепачка.

Абдулаје Дукуре тргна да ги провоцира навивачите на Ливерпул, по што следеше жесток одговор од Куртис Џонс и директна физичка пресметка меѓу двајцата.

Во клинчот беа уште двајца играчи на Евертон, а потоа се вклучија уште неколку актери од двата тима, пред да бидат смирени страстите.

Целата мешаница заврши со црвени картони за Дукуре и Џонс, но истото важи и за Арне Слот и за неговиот помошник во Ливерпул, Сипке Халсхоф.

Менаџерот на Ливерпул беше исклучен поради ироничен поздрав до судијата, додека неговиот асистент поради прекумерни протести.

Тепачката меѓу Дукуре и Џонс погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни