Поврзете се со нас

Англија

Последните три порази докажаа дека Гвардиола нема замена за еден фудбалер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола доби освежувања и замени за фудбалерите кои си заминаа во летниот преоден рок, но како што стојат работите, се чини дека не му е комплетно добро покриена клучната позиција на теренот кога го нема првиот избор на располагање.

Родри беше најдобар играч на Манчестер Сити минатата сезона и тоа го нагласи Пеп Гвардиола во неколку наврати, па иако Шпанецот го има во тимот Калвин Филипс, во моментов се чини дека воопшто нема доверба во него.

Доказ за тоа е што во стартната постава против Арсенал се најде младиот Рико Луис, кој иако е огромен талент, сепак не може да одговори на теренот како што тоа го прави Родри.

Шпанецот не играше на последните три меча во Англија поради црвениот картон кој го доби против Нотингем, а овие три пресметки покажаа дека Гвардиола сепак нема замена за него.

Сити најпрво загуби од Њукасл во Карабао Купот, серијата продолжи со пораз од Вулверхемптон, и на крајот заврши со незгоден пораз од Арсенал во дербито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни