Поврзете се со нас

Свет

„Последниот танц“: Роналдо и Меси повторно ќе играат еден против друг на фудбалскиот терен! (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/leomessi

Кристијано Роналдо и Лионел Меси повеќе од една деценија со големи ривали и имаа безброј пресметки како дел од најголемиот фудбалски крем во Европа, но сега за првпат ќе ги одмерат силите надвор од стариот континент.

Двете најголеми фудбалски ѕвезди во овие моменти се лидери на Ал Наср од Саудиска Арабија и Интер Мајами од Америка, но и покрај големата далечина, организаторите на Ријад Купот успеаја да се погрижат за фудбалски спектакл.

Оваа вечер официјално беше потврдено дека Интер Мајами ја прифатил поканата за учество на Ријад Купот кој ќе се игра во Саудиска Арабија во 2024-та година, а дуелот меѓу Роналдо и Меси веќе доби и оригинален наслов.

– Последниот танц, – гласи најавата за нивната пресметка која ќе се одржи во Ријад, а која е планирана за февруари 2024-та година.

Ал Наср ќе го игра овој меч на средината на сезоната, додека за Лео Меси и неговите соиграчи од Интер Мајами ова ќе биде подготовка за новата сезона во МЛС лигата која треба да почне во месец март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни