Поврзете се со нас

НБА

„Последниот танц“ открива: Џордан го доживувал Коби како жесток ривал

Објавено

на

Петтата епизода на супер актуелниот серијал „Последниот танц“ е максимално посветена на Коби Брајант со оглед на огромното пријателство кое владееше меѓу него и Мајкл Џордан, неповторливиот кошаркар на Чикаго кој дел од својот документарец му отстапи на својот „помал брат“ како што сакаше да го нарекува.

Епизодата започнува со посвета „Во сеќавање на саканиот Коби Брајант“, а бидејќи документарецот е направен пред трагичната смрт на легедарниот играч на Лос Анџелес Лејкерс, во епизодата е прикажана нивата прва битка на Ол Стар викендот во 1998-ма година во Медисон Сквер Гарден.

Прикажани се видеа кои ни отсликуваат дека Џордан на почетокот гледал на Коби како на свој жесток ривал и покрај тоа што имал само 19 години, па оттаму и зборовите кои му ги кажува на Хардавеј за време на натпреварот меѓу Истокот и Западот.

– Тоа мало „Лејкер“ момче сака сите да ги доведе во ситуација еден на еден. Тој не дозволува играта да дојде до него, тој оди по неа. Ќе му овозможам да се случи ова срање. Ќе направам од овој меч пресметка еден на еден, – гласи пораката на Џордан од пред 22 години, а токму по тој меч всушност започнува големото пријателство меѓу двајцата за кое сведочеше и самиот Коби непосредно пред својата смрт, кога направи најава за документарецот за Џордан.

– Првите години во лигата беа тешки за мене. Никој не гледаше во мене, имаше доста постари играчи и не беше како сега. Во тие моменти, Мајкл мене почна да ме чува. Имав прашања за неговиот скок-шут од свртување и тој ми даде детален одговор. Но, наспроти се, тој ми порача дека секогаш можам да му се јавам кога ќе ми треба совет. Тој е мојот постар брат, навистина мразам да дискутирам за тоа кој ќе победи еден на еден. Немаше да освојам пет прстени без него, без Мајкл немаше да постои Коби, – изјави сега починатиот Брајант пред неколку месеци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни