Шпанија
Последниот гол во кариерата на Адуриз уште долго ќе го памети и Тер Штеген (Видео)
Ариц Адуриз ова попладне ги растажи искрените фудбалски фанови кои долги години ги следат случувањата во шпанскиот фудбал, од едноставна причина што легендарниот баскиски напаѓач нема да доживее крај каков што доликува и заслужува.
Поради сериозна и хронична повреда на колкот, Адуриз ќе мора да стави протетски дел и објави крај на кариерата уште пред највениот рестарт на сезоната во Ла Лига, а со тоа, остана пократок и за сонот да игра во големото финале против лутиот ривал Реал Сосиедад во Копа дел Реј.
Искусниот напаѓач најубавите денови во фудбалот ги искуси во своите 30-ти и со спектакуларните партии ја придоби почитта од цела фудбалска јавност, а дефинитивно посебно ќе го памети и Марк Андре Тер Штеген.
Германецот не штедеше комплименти и пред неколку месеци го посочи токму Адуриз како најнезгодниот напаѓач со кој се има соочено, а судбината посака Ариц својот последен гол во кариерата да го постигне токму против Тер Штеген на отворањето на оваа натпреварувачак сезона кога постина сензационален акробатски погодок.
Адуриз стави крај на кариерата на 39-годишна возраст, но покрај тоа што е симбол за Атлетико Билбао, уште настапуваше и за Мајорка, Валјадолид и Валенсија, а собра и настапи за шпанската фудаблска репрезентација.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…