Поврзете се со нас

Свет

Последица на големото разочарување: Кокошков повеќе не е селектор на Србија

Објавено

на

Игор Кокошков пред два месеци си замина од Фенербахче по само една година во турскиот клуб, а ова попладне пристигна официјална информација дека респектабилниот стручњак повеќе не е селектор и на репрезентацијата на Србија.

„Орлите“ доживеаја огромно разочарување во Белград и не се пласираа на Олимписките игри и покрај тоа што беа домаќини на квалификацискиот турнир, што на крајот се покажа како добар предуслов за прекин на соработката меѓу кошаркарскиот Сојуз и Кокошков.

– Кошаркарскиот сојуз на Србија и досегашниот селектор на машката сениорска репрезентација, Игор Кокошков, се разделија со взаемен договор. Кошаркарскиот Сојуз му посакува на Игор многу среќа и успех во понатамошниот дел од тренерската кариера и му благодариме за трудот и посветеноста. Во наредниот период ќе го објавиме името на новиот селектор и за тоа јавноста ќе биде навремено известена, – гласи обајвата на Србите.

Во квалификацискиот турнир, Србите беа поразени од Италија и тоа беше вистински шок за „орлите“ кои според многумина требаше да се борат за олимпиското злато, кое на крајот им припадна на Американците кои во финалето ја победија Франција.

Инаку, Кокошков веќе си пронајде клупски ангажман по завршувањето на етапата во Фенербахче и во наредниот период ќе биде асистент во Далас и ќе соработува со Лука Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни