Поврзете се со нас

Франција

Посебниот третман кој го добија Нејмар и Меси на клупата за резерви ги подели фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ го надигра Оксер со 5:0 и со овој убедлив резултат замина на долгата пауза која ќе следи поради Светското првенство, но последниот меч донесе и едно видео кое е доста коментирано на социјалните мрежи.

Фудбалските фанови се поделија околу ставовите за привилегијата која ја добија Нејмар и Меси во дадената ситуација, бидејќи двајцата завршија во соблекувалната порадно од било кој друг.

Откако си ја завршија својата задача и беа извадени, Нејмар побара дозвола од Галтие да си замине на туширање, а со него тргна и Меси.

Додека останатите соиграчи останаа на клупата да го догледаат мечот, Бразилецот и Аргентинецот добија мала привилегија со одобрение од тренерот, па оваа сцена ги подели и фановите на социјалните мрежи.

За едни ова е сосема нормална ситуација во моменти кога ѕвездите со мислите веќе се на мундијалот, а за други, ова е јасно непочитување кон колегите и останатите играчи кои се уште играа на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни