Поврзете се со нас

Шпанија

Посебна посвета: Валверде го објасни својот уникатен гест при прославата на голот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Феде Валверде ја имаше најлесната задача во светот во 59-та минута од финалето меѓу Реал Мадрид и Аталанта, бидејќи Уругваецот доби перфектно додавање од Винисиус Жуниор по кое требаше само да ја спроведе топката во празната мрежа.

Погодокот на играчот за врска го најави падот на Аталанта во последните 30 минути од мечот во Варшава, но Феде го привлече вниманието и со својата уникатна прослава.

Валверде за првпат на официјален меч заигра со дресот број „8“ на својот грб и на своите шорцеви, а откако постигна гол, реши да се потсети на човекот кој е негов идол.

Уругваецот ја наследи „8-та“ од Тони Крос кој замина во пензија, но Феде не заборави да потсети на својот учител при својот прв гол во новата епизода како еден од лидерите на Реал.

Валверде покажа со прстот кон бројот „8“ и јасно му оддаде признание на Крос, по што и самиот потврди дека прославата била наменета за Тони по крајот на мечот.

– Очигледно е дека цел свет ја сфати мојата прослава. Тој толку долго играше со „8-та“, па овој гол му го посветив на него. Се надевам дека го израдувавме и се надеам дека ќе освоиме уште титули во негова чест, но секако и за фановите на Реал, – изјави Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни