Поврзете се со нас

Европски првенства

Посебен уред го следел срцевиот ритам на Роналдо пред пеналот, резултатот е изненадувачки (Фото)

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо преживеа многу емоции во осминафиналето против Словенија, односно мораше да се помири со промашениот пенал во продолжението, пред да дочека голема сатисфкација во пенал рулетот.

Иако беше прочитан од Јан Облак пред крајот на првото продолжение, Роналдо уште еднаш се покажа како голем лидер и презема одговорност во пенал рулетот, односно ја отвори серија со гол и предност од 1:0.

Во такви момент, тензијата и возбудата достигнува највисока точка, но сепак Португалецот останал до толку мирен, што отчукувањата на срцето се најнормални од тој момент.

За време на мечот со Словенија, Роналдо имал посебен уред на себе кои ги следел неговите отчукувања на срцето, а пред да го изведе ударот во пенал рулетот, срцето му отчукувало 100 пати во минута.

Пулсот значително се зголемил и достигнал 125 по вториот гол на Бруно, а по третиот и одлучувачки погодок на Бернардо Силва достигнал 170 отчукувања по минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни