Поврзете се со нас

НБА

Порзингис се врати во голем стил, Бостон го отвори финалето со победа над Далас (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/celtics

Кристапс Порзингис конечно се врати во редовите на Бостон и издоминира на првиот дуел од финалната серија на НБА плејофот против Далас.

Екипата со најдобар скор во регуларниот дел од сезоната победи со 107:89 на домашен терен и поведе со 1:0, а Порзингис го завршил натпреварот со 20 поени, 6 скокови и 3 блокади. Летонскиот кошаркар немаше настап за Бостон уште од четвртиот натпревар од серијата со Мајами во првото коло на плејофот.

Бостон го доби првиот период со 37:20 и таа висока предност не ја испушти до крајот на мечот, а гостите немаа решение за одличната одбрана на Селтикс која им дозволи само 89 поени.

Дури 30 од нив или една третина стојат зад името на Лука Дончиќ, а поентерски најблиску до Словенецот беа Вашингтон со 14 и Харди со 13 поени.

Во редовите на победникот, Браун уфрли 22, а Тејтум 16 поени, што беше доволно за посакуван епилог за Бостон на почетокот на финалната серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни