Португалецот избувна кога најмалку се очекуваше: Мурињо збесна и ги обвини своите ѕвезди за непочитување на инструкциите!

joze-sneg

Жозе Мурињо ги бранеше своите фудбалери по големата катастрофа против Севилја кога речиси сите играчи делуваа безглаво и загубено на теренот, но затоа кога најмалку се очекуваше, Португалецот избувна на пресот и доста жестоко распали по своите ѕвезди кои беа дел од мечот со Брајтон.

Манчестер Јунајтед се справи рутински со Брајтон и со победа од 2:0 се пласираше во полуфиналето на ФА купот, но Жозе е крајно незадоволен од изданието на своите фудбалери, односно од најголем дел од играчите кои ги обвини дека не ги слушале неговите инструкции и дека не го испочитувале договореното од тактичките замисли.

– Воопшто не ми се допадна мечот, мислам дека заслуживме да победиме само поради тоа што имавме контрола во најголем дел од мечот. Постигнавме два гола, а тие не постигнаа ниту еден и имавме можност да контролираме во најголем дел од времето. Но, не можам да не бидам лут кога минувам два дена на тренинг за да ги подготвам моите напаѓачи за мечот, а потоа тие да се кријат и да не ја сакаат топката. Неслушањето и непочитувањето на инструкциите ме фрустрира. Не игравме онака како што сакав да играме, ја немав возвратната реакција од сите мои фудбалери. Имав возвратна реакција само од мал дел од нив, а само поради тој мал дел победивме денеска. Во тим од 11 кога немате шест или седум играрчи кои сакаат да играат и да преземат одговорност за да ја движат топката, се случуваат вакви мечеви. Затоа, мора да кажам дека не сум воопшто задоволен од прикажаните перформанси, – посочи Мурињо.

Facebook Коментари