Португалско футсал шоу: Тиаго Брито за момент го засени Рикардињо (Видео)

Tiago-Brito

Португалската футсал репрезентација со победата од 5:3 над Украина го потврди пласманот во четвртфиналето на ЕП во Словенија, а и на денешниот настап на „европските Бразилци“ не недостасуваа атрактивни потези.

Најголемиот мајстор Рикардињо постигна еден гол на оваа средба, но најатрактивниот погодок сепак го постигна неговиот соиграч Тиаго Брито. Неговиот маестрален потег и реализација се уште една причина за Португалците да останат најатрактивна селекција на ова Европско првенство.

Facebook Коментари