Поврзете се со нас

Свет

Португалските власти пронајдоа еден тон нелегална морска храна кај поранешен играч на Реал

Објавено

на

Foto:instagram.com/fabio_coentrao

Фабио Коентрао прилично рано се повлече од фудбалските води и се пензионираше во 2021-ва година, но откако реши да го користи слободното време за да ужива во своето хоби, сега со истото си направи и голем проблем во родната земја.

Коентрао самиот нагласи дека станал рибал по крајот на играчката кариера и дека си купил брод со цел да оствари достојно заработувачка во пензионерските денови, но неколку години подоцна, некогашниот португалски репрезентативец сега се соочува со огромен проблем.

Како што откриваа португалските медиуми, крајбрежните власти во Португалија пронашле еден тон нелегална морска храна во 12 контејнери кои биле изнајмени од страна на поранешниот фудбалер, прекршок поради кој Коентрао сега ќе мора да одговара, или пак да објаснува како спорната роба завршила во неговиот магацин.

Споменатите контејнери биле полни со јастози и ракчиња, а бидејќи Коентрао немал дозвола да чува таква храна во своја сопственост, робата му била конфискувана.

Коентрао веќе седум месеци имал отворен бизнис за распорадажба на јастози и ракчиња без да има било каква лиценца за такво нешто, па наместо сатисфакција, морскиот живот сега му донесе огромен проблем кој најверојатно ќе мора да го решава и пред судовите во Порто.

За време на играчката кариера, Коентрао најубавите фудбалски моменти ги имаше во Реал Мадрид, клуб со кој стана шпански, но и европски шампион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни