Италија
Португалскиот суд ја одбил жалбата, Леао треба да му плати голема сума на Спортинг

Рафаел Леао ќе треба да му исплати 16,5 милиони евра на својот поранешен клуб Спортинг Лисабон, пресудил португалскиот суд.
Леао беше член на Спортинг во 2018 година, кога незадоволни навивачи влегоа во тренинг центарот на екипата, по што фудбалерот реши експресно да се пресели во Лил.
Подоцна, Леао направи трансфер во Милан, но Спортинг одамна започна судски процес, со кој бараше да добие отштета, затоа што постоела активна откупна клаузула во периодот кога тој заминал во Франција.
Спортскиот арбитражен суд во Лозана пресуди во корист на Спортинг, а португалскиот апелациски суд денеска ја потврдил одлуката, дефинирајќи ја отштетата на 16,5 милиони евра.
Фудбалерот на Милан може да се жали и до Врховниот суд, но мали се шансите дека ќе може да се извлече без да ја плати високата сума која треба да заврши на контото на лисабонскиот клуб.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
НБАпред 24 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)