Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалскиот селектор загрижен поради фановите кои го „ловат“ Роналдо на терен: Ова може да биде опасно

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Победата на Португалија над Турција на Европското првенство беше одбележана и со честите прекини поради фановите кои го користеа послабото обезбедување и влетуваа на теренот, најчесто за блиска средба и селфи со Кристијано Роналдо.

Иако никој од „натрапниците“ не делуваше опасно, португалскиот селектор Роберто Мартинез побарал УЕФА да го подобри обезбедувањето, за да се намали ризикот од непосакувана ситуација.

– Ова е загрижувачко.

– Денеска намерите на фановите беа позитивни, сите ги сакаме фановите кои препознаваат големи имиња и икони на фудбалот.

– Но, замислете ако некој од нив имаше лоша намера. Мора да бидеме внимателни и вакви работи не смеат да се случуваат, посебно кога има толку обезбедување на стадионите. Истовремено треба да им порачаме на фановите дека ова не е вистински начин за средба со својот идол, – рекол Мартинез.

Роналдо вообичаено излегува во пресрет на барањата на фановите, но вчера во еден момент се налути кога Португалците бранеа корнер на противникот, а на сличен начин и го напуштил теренот откако до него дошол и петтиот натрапник на истиот дуел со Турција.

Му влезе со две нозе: Член на обезбедувањето собра португалски репрезентативец по последниот судиски свиреж во Дортмунд (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни